На 01.10. 2017 во шопинг центарот Сити Мол се одржа бесплатен концерт на една од најуникатните и најспецифичните музичарки во Р. Македонија, Сара Мејс, на кој УТМС беше горд поддржувач. Присутните на концертот од отворен карактер можеа да поминат еден час во соврешена забава и уживање. На овој настан студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент превзедоа промотивни активности, со што заинтересираните присутни имаа можност да се запознаат со програмите на факултетите кои ги нуди овој Универзитет.

